Коронавирусот однесе уште една жртва меѓу лекарите – почина д-р Сенат Грбовиќ

Од:

Уште еден македонски лекар почина од последиците на Ковид-19, објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук.

Д-р Сенат Грбовиќ, кој до лани работел како лекар во Брза помош во Здравствениот дом Скопје, а од јануари годинава бил ангажиран во приватна здравствена установа, колегите го опишуваат како вреден и исклучително професионален и колегијален. Тој почина на 53-годишна возраст.

„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат,“ напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари во објавата на тажната вест, под која од починатиот лекар се простуваат неговите колеги.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ