Коронавирусот ги активира термалните камери на скопскиот аеродром, епидемиолозите уверуваат дека не се шири преку роба увезена од Кина

Од:

По состанокот со Комисијата за заразни болести, министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот. Тој потенцираше дека Македонија нема директни летови со Кина, регионот каде е епицентарот на коронавирусот, што значи дека луѓето кои доаѓаат од таму веќе поминале неколку скенери, на различни аеродроми.

„Станува збор за вирус кој има многу слични симптоми како грипот, може да помине со лесна и средна форма, но има и тешки форми кои предизвикаа смрт кај пациенти. Тоа се пред се, постари пацинети со намален имунитет и со хронични заболувања. Во однос на пристигнување на вирусот преку робата, епидемиолозите сметаат дека тоа практично е невозможно. Ние ќе превземеме превентивни мерки. Патниците од летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со Кина, ќе се скенираат со термалната камера. Нашиот аеродром согласно последните евалуации, има највисоко ниво за детекција и рано препознавање, рана изолација, доколку кај евентуалните пациентите се најдат вакви симптоми. Ќе бидат активирани и лекарски екипи кои ќе прават преглед. Се очекува и лажно позитивни резултати, бидејќи е сезона на грипови“, потенцираше Филипче.

Утре ќе виде објавен и телефонски број, каде можат да се јават лица кои сметаат дека ги имаат симптомите на коронавирусот, со цел да не се јавуваат кај матичните лекари, туку кај стручните медицински екипи кои ќе бидат ангажирани.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on