Корнелиа Пипер: Македонија ја гледам како идна членка на ЕУ

Од:

Македонија ја гледам како идна членка на ЕУ и сметам дека дека земјата за тоа има добри предуслови, истакна Корнелиа Пипер,  член на Бундестагот и државен министер во германското Министерство за надворешни работи, на семинар во Берлин што го организира Институтот за славистика на Хумболт универзитетот.

Во разговорот со студентите, како што пренесува Дојче веле, Пипер одговараше на повеќе прашања врзани за Балканот, меѓу кои и како гледа на проширувањето на ЕУ и европската иднина на Македонија?

– Со право министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле секогаш кога се во прашање европските интеграции се залага за транспарентност и вели дека и покрај нерешените конфликти, како на пример меѓу Македонија и Грција, и натаму треба да се залагаме за поголема Европа, за интеграцијата на новите членки, рече Пипер.

Таа се осврна и на евроинтеграцијата на другите земји од регионот. – Ќе кажам уште еднаш дека уметноста на дипломатијата се состои во тоа – имајќи ги предвид специфичностите на регионот, секогаш од нив да се извлечат најдобрите решенија за конфликтнине прашања, изјави Корнелиа Пипер.

Би можело да ве интересира

Брисел и Атина против турско-либискиот договор

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се одвива пребавно, Словенија поддржува гласање со квалификувано мнозинство

Албанија влегува во ЕУ до 2030 година? Договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година