Корејски камп на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Од:

Дваесетина волонтери од Јужна Кореја се дел од кампот кој е лоциран на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ (УГД), кој го организира невладина организација од оваа земја. Дијана Насева од Центарот за односи со јавност при УГД-Штип информира дека во наредните два дена волонтерите од Јужна Кореја на своите колеги и студенти од штипскиот универзитет ќе им ја презентираат својата култура, обичаи, традиција и храна.

– Во рамките на кампот ќе имаме различни активности, различни работилници од типот на учење на корејските обичаи, корејската традиција, култура. Има интересни вежби како да го доближат оној младешки дух до младите и да ја претстават нивната култура преку различни игри, танци, преку боречки вештини, како што е таеквондото која е нивна каректеристична вештина. Правеа и суши на работилниците и сега ќе го презентираат пред големиот број студенти, вели Насева.

Таа истакна дека во рамките на Корејскиот камп се ангажирани и 20 волонтери, односно студенти од универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Ваков Корејски камп ќе се организира и во Албанија.
Ванш Ши Конг, еден од организаторите на Корејскиот камп појаснува дека нивната организација е присутна во над 80 земји во светот.

– Овој камп ги смени животите на многу млади луѓе ширум светот. Многу од младите луѓе кои му пристапија на кампот заминаа од овде со надеж во своите срца. Го создадовме овој камп за да поттикнеме правилна состојба на умот кај младите. Преку кампот сакаме младите да научат како да имаат добро срце и правилна состојба на умот. Овде во Штип имавме прилика да работиме со волонтерите и таквата помош од локалните волонтери ни е многу важна, вели Ши Конг.

Тој истакна дека преку кампот имале можност да соработуваат со луѓе од многу земји, а студентите во Штип покажале дека се навистина заинтересирани да помогнат.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски