Копман: Планот за раст нуди значителни придобивки, може да го забрза процесот на пристапување кон ЕУ

Од:

Планот за раст нуди значителни придобивки и за постојните 27 земји членки на ЕУ. Повеќе царински олеснувања, подобра гранична инфраструктура, интегрирање на системот за регистрација на компаниите е се она што може значително да го намали трошокот на трговијата, посочи генералниот директор за соседство и преговори за проширување во Европската Комисија, Герт Јан Копман во обраќање на денешниот лидерски состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан.

Тој истакна дека е поттикнат од работата која досега Северна Македонија ја има постигнато и напомена оти смета дека Планот за раст може потенцијално да го промени регионот, но може и да го забрза процесот на пристапување кон Европската Унија.

-Охрабрен сум од работата која што досега Северна Македонија ја има сработено од агендата за реформи. Вашите преговарачи со нашите тимови напредуваат многу и ова не помина незабележано во ЕУ. Денес го гледаме заедничкиот регионален план во рамките на Планот за раст и сметаме дека тоа е клучно за поттикнување на растот но и на зголемување на економијата. Често го споменувам и фактот дека со пристапувањето во ЕУ, трговиите растат. Ние сме тука да ви помогнеме, рече Герт Јан Копман.

Тој додаде дека е охрабрен од личната посветеност на Северна Македонија и потенцираше дека е потребно земјите да соработуваат меѓу себе, да не постојат блокади, бидејќи трошокот од несоработката е многу висок.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во обраќањето на лидерскиот состанок денеска посочи дека за нив се многу поважни зелените ленти, отколку единствената европска зона за плаќање.

-Ова нешто што ние го гледаме како голема иницијатива. За нас се поважни зелените ленти, отколку единствената европска зона за плаќање. Не ја потценувам важноста на единствената европска зона за плаќање, но за нас најважни се зелените ленти. Тоа ќе биде од голема помош за да се креира подобра бизнис средина за нашите луѓе, но и за сите други кои ќе сакаат да инвестираат во овој регион, рече Вучиќ.

Тој напомена дека се отворени за идеи секогаш кога се зборува за регионалниот заеднички пазар. Потенцираше дека е потребно земјите да се усогласат за економските мерки пред да влезат во ЕУ.

-Имам голема молба за сите вас од регионалните организации од ЕУ, да ни помогнете со некои прашања затоа што ќе мора да решиме некои тешки проблеми со кои ќе се соочиме. И знаете дека треба да се усогласиме кога зборуваме за економските мерки и заменски политики пред да влеземе во ЕУ, додаде Вучиќ.

Вучиќ потенцираше дека ова може да биде позитивна работа во однос на поврзувањето на регионот, исто како што беше со иницијативата Отворен Балкан.

-Добро е сето она што досега го дискутиравме. Дискутиравме за економијата, за луѓето и тоа е нешто што секогаш ќе ни биде заеднички именител, оцени Вучиќ.

На лидерскиот состанок денеска присуствуваат и претставници на регионалните организации, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан- 6, УСАИД, потоа Фондација отворено општество, Центарот за Европа, Атлантски совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции, Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа