Кооринативен состанок на ЦУК со градоначалниците од Североисточниот регион

Од:

Градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион на денешниот состанок во Куманово со Центарот за управување со кризи побараа превентивно и координирано делување на државните институции и органи за заштита од поплавите.

Целта на состанокот, според надлежните од Центарот за управување со кризи е обезбедување постојана координација меѓу надлежните субјекти на државно ниво и единиците на локалната самоуправа.

– Превенцијата е значајна за да можеме навреме се справиме со можните ризици, вториот сегмент е раното предупредување за кое ЦУК има одредено надлежности во брзо јавување за наидувачка опасност на теренот и третата е справување со ризикот, опасноста која настанала и каде што брзото и ефикасно делување на здружените сили и на централната и локалната власт би значело побрзо и ефикасно справување, изјави Душко Петровски, раководител на Секторот за операции и координации од ЦУК.

Градоначалникот на Кратово Мите Андоновски ја оцени денешната средба како конструктивна и побара почесто одржување на вакви состаноци, бидејќи градоначалниците, подвлече лично ги кажуваат проблемите со кои се соочуваат.

– Проблемите се речиси идентнични во сите општини, пожари, поплави и свлечишта. Дадовме конструктивни предлози превентивно да се делува, што ќе придонесе со помалку средства да се спречат, отколку кога ќе настанат и кога се потребни  повеќе средства да се решат, изјави Андоновски.

Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски смета дека е потребна засилена координицација помеѓу државните и институциите кои се под ингеренција на локалната власт, со посебен акцент на противпожарните друштва. Потребни се обуки, смета Стојковски и посета на критични точки во самите општини за да се превенираат поплавите кои би можеле да се случат во пролетните месеци.

– Да се најдат услови и да се направат акциони планови кои ќе дадат резултати за подолг временски период конкретно за чистење на реките, рече Стојковски.

Градоначалниците од шестте општини сметаат дека заклучоците ќе бидат пренесени до институциите и ќе се преземат конкретни чекори кои ќе придонесат за етапно решевање на проблемите. Од ЦУК најавија дека проблемите кои ги изнесоа градоначалниците во наредниот период ќе бидат разгледани и согласно можностите, органите на државата ќе ги решаваат заеднички со ресурсите со кои располага и централната и локалните власти.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати

А1он

ЦУК: Пет пожари на отворено во државата до 13 часот, три сѐ уште активни

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен

А1он

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја