Координирани акции на јавните претпријатија во Штип

Од:

Денеска се реализираат координирани акции на јавните претпријатија „Стипион“ и „Исар“ во населбата Македонка и кај зградата на старото нервно одделение.

Во населба Македонка се уредуваат јавните површини, се врши санитарна техничка сеча на суви дрвја, се косат зелени површини, се бетонираат улици и се заменуваат улични светилки. Координираната акција во населба Македонка произлезе од барањата кои жителите ги упатија до градоначалникот на реализиранат средба во урбаната заедница, соопштуваат од Општина Штип.

Кај зградата на старото нервно одделение, координираната акција е во насока на расчистување на тамошната дива депонија.

Градоначалникот на Општина Штип ги посети овие координирани акции и ги повтори заложбите на локалната самоуправа да им излезе во пресрет на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му