Координативното тело за справување со кризи ја следи состојбата со најавените врнежи

Од:

Координативното тело за справување со кризи на денешниот состанок ја разгледа фактичката состојба на терен, како и најавите за нови обилни врнежи што не очекуваат во текот на викендов, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Според информациите од УХМР, во текот на попладневните часови и преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 40 литри на метар квадратен дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка.

Ќе дува засилен, повремено силен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Потоа продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег со послаб интензитет.

Според информациите за хидролошката состојба, подземјето веќе е полно со вода, така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Како резултат на состојбата се очекува сливните подрачја, доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација со цел благовремено да се превземаат превентивни мерки потребни за избегнување од евентуални несакани последици.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза