Координација во Собранието за телото за помирување

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи, со една точка на дневен ред – формирање „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27 април 2017 да бидат амнестирани. Тоа беше и еден од заклучоците на координацијата на нивната пратеничка група која ја одржаа вчеравечер.

-Нема да учествуваме во Коодинативното тело за помирување затоа што сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува, и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието утре ќе почнат и комисиските расправи за нацрт-амнадманите за измени на Уставот, и за предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој според судско решение најдоцна задутре треба да се јави за издржување двегодишна затворска казна по пресудата за „Тенк“.

Нацрт-амандманите за уставни измени, кои Владата во петокот ги утврди и му ги достави на Собранието, утре се на дневен ред на Комисијата за уставни прашања. По однос на ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти нивниот координатор Мицевски, „ќе дебатираат жестоко за да ги разобличат сите уставни амандмани и она што се случиува во Македонија“.

За предлогот за одземање на мандатот на Груевски, пак, утре ќе заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитени прашања. Неговите сопартијци сметаат дека процесот е политички и својот став ќе го искажат во Собранието.

-Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи, додаде вчера Мицевски.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски