Контраверзен „бизнисмен“, присутен по медиуми – кој е Љупчо Палевски Палчо првоосомничен за убиствата на Вања и Панче

Од:

Организатор и реализатор на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е Љупчо Палевски – Палчо кој во моментов е во бегство.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Спасовски, осмомничениот е избеган од Македонија. Според информациите заедно со неговиот адвокат заминал за Србија, а оттаму во Бугарија. Неговиот адвокат изјави дека бил злоупотребен, односно Палчо му кажал дека мора да оди во Белград на лекар и му треба некој да го однесе.

– Секако, главен организатор, а воедно и извршител кој со пиштол на 27.11. според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата веднаш истрага од страна на полицијата, е лицето кое ја напуштило државата непосредно по стореното кривично дело. По него се трага. Можам да ви ветам дека ќе сторам сѐ јас и институцијата, ова лице, или подобро овој монструм, на кое му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата, рече министерот Спасовски.

Спасовски дополни дека за лицето ќе биде издадена меѓународна потерница, а во однос на прашањето дали имаат некакви сознанија дека тој се обидува да пребегне во Русија, тој одговори негативно.

Безживотните тела на Вања и Панче биле пронајдени во гробови, кои што ги посочиле двајца сведоци. Тие го посочиле Палевски како извршител односно како човекот што испукал од пиштолот. Пиштол досега не е најден. Вања, била грабната во влезот од зградата каде живеела, била врзана за рацете и нозете, ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек. Потоа била убиена во атарот на селото Орман. Јавниот обвинител Гаврил Бубевски рече дека најверојатниот мотив за убиството на Вања, е тоа што мајка ѝ продала стан и така се здобила со поголема сума пари, која што групата сакала да ја изнуди од неа

Љупчо Палевски – Палчо е поранешен градежен „бизнисмен“ и основач на партијата Десна.

На прес-конференцијата, Спасовски потврди дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија. Во 48-часовен притвор, додека не се обезбедат сите дополнителни докази се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Тие се дел од партијата Десна.

– Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации, рече Спасовски.

Познат е и што пушташе „бомби“ преку разглас. Во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување.

Во септември 2020 година приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва. Уапсен беше по потерница на Хрватска, за долг на негова фирма во оваа земја. Откако одлежа неколку месеци, беше пуштен на слобода, по што се врати во Македонија. Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица. Во јавноста се говореше дека е фатен додека со други лица барал злато.

Kако градежник е познат по објектот „Тифани“, која се наоѓа на почетокот на булеварот „Партизански одреди“. Тоа беше контроверзен проект, за кој имаше и истраги, но Палевски се извлече неказнет.

Летото 2017 година на закажан „двобој“ поврзан со Шарената револуција, на новинарот Бранко Героски пред кафулето „Манда“, му истури боја врз главата, а многумина на Фејсбук го фалеа овој потег на Палчо.

Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Љупчо Палевски, секојдневно објавувал и статуси на социјалнит мрежи. На 29. ноември, два дена по исчезнувањето и убиството на девојчето, тој има видеообраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и уште неколку политички објави.

Би можело да ве интересира

Адвокатот што го возел Палевски до Турција се онесвестил кога прочитал за што го обвинуваат Палевски

Катерина Ѓуровски

Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

А1он

Дедото на Вања Ѓорчевскa: Син ми беше зависник од дрога, ама се излекува пред да се ожени

А1он

Сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за убиството на Вања, имал паничен напад

А1он