Контра-протестот со малку лекари, а повеќе партиски административци

Од:

Излегувањето на контрапротест на дваесетина лекари, повеќето директори на Клиниките требаше преку владините медиуми да се претстави како поголема група лекари која го сака владиниот проект за плаќање по учинок, а наводно дека пред владата немало лекари туку „претставници од АМАН и некои бабички“.

Но, токму беше спротивно – пред Владата беа 90% од лекарите специјалисти, а пред Министерството за здравство од вкупно 70-тина, имаше ни малку ни повеќе само дваесетина лекари, а повеќето од нив актуелни директори на Клиниките, кои од почеток не се дел од штрајкот туку ги спроведуваат политиките на министерството, кое и ги поставило на тие места.

Останатите беа сестри и болничарки, но и на овој контрапротест можеа да се видат вработени во неколку министерства кои по потреба учествуваат на секакви контрапротести, но денеска беа во улога на „лекари“.

Паралелно,  до А1 стигна допис од учесник на контрапротестот, во кој детално се опишуваат сите што биле присутни, како се договарал нивното протестирање и зошто некои од нив морале да прифатат да учествуваат и да го бранат владиниот модел.

Па, така за еден од лекарите се тврди дека бил потпишан за штрајкот, а денеска се премислил и излегол на контрапротест. Како причина се наведува дека токму тој е цел на спроведини истраги на обвинителство за потпишани тендери.

Во дописот се наведува и дека мегу излезените на контрапротестот има и такви за кои во последните минатогодишни извештаи на државната ревизија, се осомничени за огромни проневери на буџетот на клиниката, во делот на набавки на одредени лекови.

Во дописот до А1 пишува дека еден од лекарите на контрапротестот нормално е да сака плаќање по учинок кога редовно има 120 % учинок, иако секој втор ден не е на Клиника, туку во приватната ординација.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он