Конте: Скопје и Тирана што поскоро треба да бидат дел од ЕУ

Од:

Северна Македонија и Албанија што поскоро треба да се приклучат во ЕУ, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте на денешната средба во Софија со претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов.

Конте ја поздрави улогата и поддршката од Бугарија на процесот на проширување на ЕУ и за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

Бугарскиот премиер Борисов посочи дека Бугарија и Северна Македонија годинава заеднички ќе копретседаваат со Берлинскиот процес.

Тоа е исклучително важен знак, а оценките што ги добива Бугарија за нејзината улога во регионот е многу јасна и позитивна, рече Борисов.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте престојува во Бугарија по повод 140 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

Закани за осум земји од ЕУ поради ризик од прекршување на фискалните правила

Горан Наумовски

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен

Калас: Европа бара разоружување на Русија