Консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020

Од:

Комитетот за инвестиции за Југоисточна Европа, во рамки на Советот за регионална соработка, денеска ќе одржи консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива.

На работилницата ќе учествуваат членовите на Националниот економски тим, претставници од надлежните институции, граѓанското општество, приватниот сектор, донатори и други заинтересирани страни, а ќе ја отвори Национален економски тим лидер Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија.

На настанот првпат пред пошироката јавност ќе биде презентирана Стратегијата за ЈИЕ 2020, со цел да се остварат пошироки консултации во врска со планираните цели, мерки и инструменти за нивно реализирање.

Целта на работилницата е прибирање повратни информации од сите засегнати страни, што ќе бидат земени предвид во конечната верзија на Стратегијата, која ќе се усвои на Министерската конференција, која ќе се одржи во ноември во Сараево, соопшти Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија