Консултации за забелешките од Извештајот на ЕК во судството

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими денеска имаше консултации со првите луѓе од судскиот сектор во Македонија кои ги изнесоа своите размислувања за забелешките во Извештајот на ЕК за напредокот за оваа област.

Во СЕП Бесими имаше средба со министерот за правда Аднан Јашари, со претседателките на Врховниот суд Лидија Неделкова и на Судскиот совет Александра Зафировска, како и со директорката на Академијата за судии и обвинители Анета Арнаудовска.

– Средбата беше во рамки на циклусот дискусии што ги имаме како Секретаријат за европски прашања во однос на Извештајот за напредокот односно првичните согледувања, како што ги нарекуваме, уште во фаза и подготовка на Акцискиот план за натамошно постапување по препораките од него. Тоа што денеска разговаравме беше за првичните согласувања и постапките во следниот период, изјави Бесими.

Ова со цел Акцискиот план да биде што пореален и што поефикасен.

– Судството е една од областите во кои Република Македонија треба да направи повеќе ангажман во однос на независноста, квалитетот и зајакнување на довербата во институциите. Слични дискусии ќе имаме и со претставниците на медиумите како и во другите области што се наведуваат во Извештајот, изјави вицепремиерот за европски прашања.

Бесими информира дека деновиве во Република Македонија престојуваат претставници на TAIEX мисијата и оти се работи на согледување и подобрување на системот на унапредување и назначување на судии од една страна и од друга страна на дисциплинските постапки и на образложението на судските постапки.

– Во наредниот период ќе се предложат соодветни мерки на секторските координации што ќе следат. Сите релеватни институции ќе бидат вклучени во овој процес и Македонија работи на секој збор што стои во Извештајот, да покаже дека е сериозен партнер за полноправно членство во ЕУ, вели Бесими.

За него од исклучителна важност е тоа што состанокот се одржа на една недела по објавувањето на Извештајот, што покажува дека земјата е сериозна кон забелешките од Извештајот.

– Самиот чекор што сме денеска заедно е еден сигнал и за Македонија и за Брисел дека ние сме сериозни кон забелешките од Извештајот и треба понатаму да продолжиме во сите чекори што следат од Акцискиот план во однос на адресирање на сите забелешки од Извештајот, изјави Бесими.

Извештајот на ЕК за напредокот на земјата беше објавен на 8 октомври. Македонија доби шеста препорака за започнување преговори, но и забелешки за неколку области, меѓу кои и судството.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска