Конститутивна седница на Советот на општина Ранковце

Од:

Деветмината советници избрани во општинскиот совет на Ранковце на локалните избори одржаа прва конститутивна седница на која покрај новоизбраниот градоначалник, Ивица Тошевски, присуствуваа и поранешните градоначалници Момчило Алексовски и Трајче Давидовски.

Претседателот на Општинската изборна комисија, Даниел Крстевски, им ги додели уверенијата на советниците. Советот ќе работи со тројца советници од Коалицијата предводена до ВМРО-ДПМНЕ, тројца советници од Коалицијата предводена од СДСМ и тројца од независната листа на Димитар Цветковски.

На конститутивната седница за претседател на Советот на Ранковце беше избрана Христина Младеновска.

Градоначалникот на Ранковце, Тошевски, посака успешна работа на Советот, добра соработка со општинската администрација и работа во интерес на подобрувањето на квалитетот на живот за сите граѓани.

– Ќе работиме посветено заедно со советниците за прво за решавање на состојбата на финансиска блокада на општината, за привлекување инвеститори кои ќе отворат нови работни места, во државната и дополнителната индустриска зона, со што ќе се задржат младите во нашата средина и нема да се одлева младиот кадар, а еден од приопритетите е и враќање на амбулантата и отворање рурална аптека за да се овозможат добри здравствени услуги за жителите- рече Тошевски.

Би можело да ве интересира

Во раните утрински часови локализиран пожарот во Ранковце

Катерина Ѓуровски

Ранковце добива нов систем за наводнување во вредност од 1,7 милиони евра

А1он

Прв регистриран случај со Ковид-19 во Ранковце

А1он

Две тешки кражби во цркви во Општина Ранковце

Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Псача, сообраќајот во прекин

Наум Локоски

Јанушев: Веруваме дека граѓаните знаат како да одлучат и пред се како да постапат на 30 септември

Наум Локоски