Константин Георгиевски избран за в.д. градоначалник на Охрид

Од:

Константин Георгиевски е избран за в.д. градоначалник на Охрид со 15 гласа „за“ од страна на советот на општината.

Георгиевски досега беше заменик-градоначалник на покојниот Јован Стојаноски, а на последните локални избори освои 15 000 гласа како носител на советничката листа на СДСМ.

„Ни најмалку не сум среќен што на овој начин треба да ја извршувам оваа функција“, рече Георгиевски и вети дека во целост ќе ја испочитува желбата на градоначалникот Стојановски и сите негови планови за Охрид.

Константин Георгиевски за да ја извршува функцијата в.д. градоначалник беше предложен од советникот Ристе Буловски од СДСМ. Герогиевски по струка е доктор интернист, а досега беше советник во Општина Охрид и управител на охридската клиника „Дарон“. Тој сега е овластен потписник во општината, а функцијата ќе ја извршува до распишување на локалните избори.

Во Државната изборна комисија сè уште не се размислува дали изборите за градоначалници ќе бидат заедно со претседателските избори.

„Претседателот на Собранието треба да донесе одлука за распишување избори за градоначалник, па тогаш да почнат сите дејства“, изјавија од Државната изборна комисија за „Макфакс“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион