People to People International Skopje-Macedonia во соработка со Агенцијата за млади и спорт распиша конкурс за 20 учесници на втората генерација од едукативната програма Амбасадори на мирот.
Целта на програмата е да ги поврзе средношколците од Скопје, да ги охрабри да го вложат своето време во развојот како индивидуи, но и да ги искористат нивните вештини за да ѝ помогнат на нашата заедница.
Право за аплицирање имаат сите ученици од средните училишта во Скопје. Програмата се стреми да ги надгради знаењата и вештините на учесниците и практично да се примени она што е научено. Пристапот на учење ќе биде организиран преку техниките на неформално образование.
Првата фаза од програмата предвидува Работилница за тимска работа и лидерство, работилница за спречување говор на омраза со употреба на театарски техники, дебати, како и работилница за проектен менаџмент, медиуми и друштвени мрежи.
Втората фаза од програмата предвидува заедничка дружба и едукација со децата што го посетуваат Центарот за развој на Ромската заедница-Сумнал што се наоѓа во населбата Топана.