Конкурс за натпревар во ораторство „УКЛО Тривиум“

Од:

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО, на 24 април, по трет пат ќе организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот, на тема „Quo vadis, студенту? Правата на студентите во 21 – от век!“

Од УКЛО информираат дека ТРИВИУМ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување.

-За учество на напреварот во ораторство има јасно утврдени кретериуми, односно секој учесник треба да го ограничи својот говор на максимум пет минути, говорите коишто ќе се интерпретираат треба да бидат оргинални и претходно необјавувани, и за време на говорот учесникот нема да може употребуваните цитати да ги чита, посочуваат организаторите на натпреварот.

На конкурсот може да учествуваат студенти запишани на прв, втор или трет циклус на студии при УКЛО-Битола, а најдобрите оратори ќе бидат наградени, информираат од Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

Би можело да ве интересира

Проректор Ѓуровски: Високото образование да создава кадар кој потребен на бизнисот за отворање на нови работни места

Ана Ололовска

Потпишан Меморандум за поинтензивна соработка меѓу УКЛО и приватниот безбедносен сектор

Ана Ололовска

УКЛО потпиша договор за соработка со Криминалистичко-полицискиот Универзитет од Белград

Жарко Настоски

ЦУК и академската заедница почнуваат интензивна соработка

Ана Ололовска

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Димовски ќе предава пред студентите на Факултетот за безбедност-Скопје

Ана Ололовска

Еразмус + форум во организација на УКЛО и Националната агенција за образовни програми и мобилност

Ана Ололовска