А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Конкурс за најдобра сторија за екологија

by А1он20/07/2014 - 11:09408
Share0

Од денеска почнува конкурсот на тема „Еко совест на општеството“ што го објавува невладината организација „4х4х4 Балкански мостови“ во соработка со „Пакомак“ и „Нула отпад“.

Добивај вести на вибер

Конкурсот ќе трае до 1 септември и на него ќе може да се пријават сите новинари и фоторепортери од печатените и електронските медиуми кои ќе достават оргинално објавен новинарски текст со фотографии во кој се актуелизира граѓанското и институционалното невнимание кон животната средина.

Пријавените фото стории ќе бидат оценети од стручна жири комисија составена од претставници на организаторите, Министерството за животна средина и просторно планирање, од медиумите и од невладините организации.

Добитниците ќе бидат објавени на 19 септември кога почнува Светската еколошка кампања „Да го исчистиме светот“. За првото место предвидена е награда од 25 илјади денари, за второто 15 илјади и 10 илјади денари за третото место. За медиумот кој ќе биде избран дека дал значителен придонес во информирањето на јавноста за темите од екологијата и човековата околина, ќе биде обезбедена опрема за сепарирање на отпад што ќе ја донираат „Пакомак“ и „Нула отпад“.

На 19 септември, кога ќе бидат прогласени победниците, планирано е да биде отворена и изложба на сите пријавени стории и фотографии. Изложбата ќе има патувачки карактер и низ повеќе градови во државата.

ekologija

Би можело да ве интересира

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Горан Наумовски17/09/2025 - 19:07

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 11:1029/03/2025 - 11:56

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ06/11/2024 - 09:3510/11/2024 - 23:03

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он05/05/2022 - 16:18

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он06/12/2021 - 15:36

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ24/10/2021 - 11:0524/10/2021 - 11:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен