ВИДЕО: Град Скопје и Општина Карпош уредуваат нов парк на кејот на Вардар

Од:

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска најави дека во понеделник ќе биде објавен конкурс за идејно решение за изработка на нов парк во населбата Карпош 4, што ќе трае два месеца, а најдобите решенија ќе бидат наградени со награден фонд до 10.000 евра.

– Станува збор за површина од 60.000 метри квадратни, предел кој што во моментов е непристапен, небезбеден и на којшто има дива депонија што претставува жариште за загадувањето, меѓутоа и место каде што често се палат огнови на отворено, нагласи Шилегов.

Тој посочи дека во меѓувреме градските претпријатија почнале со отстранување на шутот и отпадот од депонијата и со расчистување на површината.

– На овој простор ќе бидат поставени содржини за спорт и рекреација, а ќе биде предвиден простор и за ботаничка градина за која исто така разговаравме со граѓаните во текот на кампањата. Дополнително планирано е и изградба на сервисна улица и два моста, рече градоначалникот на Град Скопје.

Тој нагласи дека непристапните и небезбедни површини, што се диви депонии и диви паркиралишта, ги уредуваат и ги отвораат за сите граѓани.

– Една по една неуредените јавни површини ги претвораме во паркови. Подигнуваме нови зелени површини за скопјани. На овој начин вложуваме во подобра животна околина, но во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, потенцираше Шилегов.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он