КОНКУРС за ангажирање на координатор во проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струмица

Од:

ФООМ во соработка со Општина Струмица го спроведува проектот „Општина по мерка на граѓаните“, со цел да придонесe во активно вклучување на граѓаните во подготовката и носењето на локалните политики и во обезбедувањето квалитетни општински услуги.

Во рамките на проектот, во 2014 година, формиран е Центар на заедницата, кој обезбедува правна и административна помош за граѓаните во општината; неформално образование за младите и возрасните; и поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи. Ангажманот на координаторот во Центарот на заедницата, за испразнетото место, е на определено работно време од 1 година (до декември 2015 год.), со можност за етапно продолжување до декември 2016, односно 2017 год.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

Општи услови:
ƒƒ
Државјанин на Република Македонија;
ƒƒ
Стекнато високо образование;
ƒƒ
Минимум 2 години ангажман / работно искуство во невладини организации;
ƒƒ
Активно познавање на англиски јазик (говор и пишување);
ƒƒ
Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet);
ƒƒ
Познавање на работата и надлежностите на единиците на локалната самоуправа; добро разбирање на процесот на децентрализација како и познавање на европските фондови ќе се смета за предност.
Посебни услови:
ƒƒ
Познавање на националните политики, стратегии и законска рамка поврзани со децентрализацијата, локалната самоуправа и активното граѓанско учество во животот на заедницата;
ƒƒ
Способност и вештини за индивидуална и тимска работа;
ƒƒ
Динамична, амбициозна и самоиницијативна личност со одлични комуникациски вештини.

Потребни документи за пријавување:
1.
Кратка биографија (CV) со фотографија и контакт податоци, со акцент на искуството и работата на проекти од областа на локалната самоуправа и граѓанското учество;

2.
Писмо за мотивација (кандидатите на максимум една страница треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување);

3.
Доказ за завршено високо образование (фотокопија);

4.
Други материјали кои сметате дека ќе придонесат за подобра оцена на пријавата (на пр. препораки од претходни работни ангажмани).

Ќе бидат разгледувани само барањата со приложена комплетна документација. Комисијата за избор составена од претставници на ФООМ и општина Струмица, ќе направи првична селекција на пријавените кандидати кои доставиле комплетна документација, и ќе повика максимум 10 кандидати на тестирање за испразнетото место.

Тестирањето има за цел да направи проценка на нивото на познавање на организацијата и надлежностите на локалната самоуправа, компјутерски вештини и познавањето на англискиот јазик. Оние кандидати кои ќе освојат минимум 60 поени од вкупно 100 ќе бидат дополнително повикани на интервју. При селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за етничкиот и родовиот баланс на кандидатите. Тестирањето и интервјуата ќе се случат во периодот помеѓу 10 и 16 февруари 2015 година, за што селектираните кандидати ќе бидат навремено информирани. Избраните кандидати треба да бидат во состојба да започнат со работа веднаш.

Документите за пријавување (на македонски јазик) и доказите за исполнување на горенаведените услови кандидатите треба да ги достават исклучиво по препорачана пошта на следната адреса:

Фондација Отворено општество – Македонија
Проект „Општина по мерка на граѓаните“ (со назнака: За конкурс за координатор во Центарот на заедницата во општина Струмица)
Бул. Јане Сандански бр. 111, п. фах 378, 1000 Скопје
Конкурсот трае до 9 февруари (понеделник) 2015 год.

Ве молиме да нема телефонски јавувања. За изборот ќе бидат известени само кандидатите кои ќе повикани на тестирањето. Пријавите на конкурсот нема да бидат вратени на кандидатите.

Би можело да ве интересира

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени во сите училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски