Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Од:

Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните. Токму затоа, заедно размислуваме, пишуваме и работиме на идеи што го прават секојдневието подобро, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола.

„Една од најголемите иницијативи на граѓаните е Хотелот Битола и негово адаптирање во Дом за стари лица. Така ќе овозможиме достоинствен живот за нашите највозрасни сограѓани, со топол дом, грижа и внимание што го заслужуваат.

Граѓаните предлагаат секое дете од 1 до 3 одделение да добие бесплатен оброк. Исто така, како приоритетни барања, нашите сограѓани сметаат дека треба да се обезбедат ученички униформи за учениците од 1 до 5 одделение, да се организираат летни кампови за децата од социјално загрозени семејства, да се зголемат капацитетите на градинките, за да има место и грижа за секое дете, да продолжи акцијата за отстранување на дивите објекти и гаражи, особено во Нова Битола, и многу други.

Вистински избор се проекти создадени од граѓаните, за граѓаните, заеднички труд и идеи што стануваат реални проекти. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието, рече Коњановски.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен