Коњановски: Продолжуваме со помошта кон жителите на Злеово

Од:

Во рамки на активностите на владиното Координативно тело за справување со последиците од поплавите, денеска од аеродромот Петровец беше испратена нова пратка помош во храна за жителите на населеното место Злеово, кои поради поплавите во радовишкиот регион неколку дена се отсечени од останатите населени места.

– Како координативно тело будно ги следиме состојбите на терен во секој од погодените региони. Во текот на вчерашниот ден со хеликоптерот на МВР бевме во Злеово, каде однесовме вода и лекови за жителите, како и медицински тим кој остана таму изминатите 24 часа. Денеска испраќаме дополнителни количини храна, брашно и масло за јадење, дополнителна количина лекови и нов медицински тим, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски утрово на аеродромот во Петровец.

Тој истакна дека продолжуваат редовните контакти со жителите на Злеово и на останатите критични места. – Како Влада правиме се што е во наша надлежност за справување со последиците и менаџирање на состојбите. Ние се солидаризираме со жителите од овие региони и затоа ги спроведуваме овие активности како и низа други мерки и активности директно насочени кој секој регион, истакна Коњановски.

Тој информираше дека во повеќето критични региони состојбите се смируваат и оти се преземаат сите активности патниот правец Злеово – Покрајчево да се пробие, упатувајќи благодарност до компаниите кои денеска донираа брашно и масло за жителите од Злеово, како и до медицинските тимови од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски