Конгресот на ДУИ закажан за 28 и 29 март во Скопје

Од:

Тематскиот конгрес Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе го одржи на 28 и на 29 март во Скопје, соопшти денеска шефот на Кабинетот на претседателот на партијата и пратеник Артан Груби.

– Почитувајќи ја волјата на делегатите како и Одлуката од третиот изборен Конгрес, претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги определи датумите 28 и 29-ти март за одржувањето на тематскиот Конгрес во Скопје, изјави на денешната прес-конференција Груби.

Делегатите на Конгресот, според него, ќе имаат можност да ги следат презентациите на гостите на три дополнителни панели посветени на Евроатланските интеграции и доборсоседството, Добро владеење и консензуална демократија и Економски развој и социјална благосостојба.

– Првиот панел ќе се однесува на Евроатланските интегративни прашања како и односите со соседите, додека нивното учество како презентери го потврдија веќе поранешниот американски дипломат, Даниел Сервер, поранешниот амбасадор на НАТО Хансјорг Еифф, поранешниот Амбасадор на ЕУ, Ерван Фуере, поранешниот грчки амбасадор во Скопје и Вашингтон, Александрос Малиас, изјави Груби.

Дополнителни информации за конгресот најави за следните денови.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански