Конференција за стандарди за добро управување во општините

Од:

Конференција за стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, во форма на форум со градоначалници на општини, претставници на општини, локални граѓански организации и централни државни институции ќе се одржи денеска во Скопје.

Целта на конференцијата е да се поттикне дискусија за важноста од воведувањето стандарди за добро управување во локалните самоуправи, како основа за подобро функционирање на локалните власти.

Настанот ќе го отворат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, Фрејк Јанмат, раководител на Сектор за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработка при Делегацијата на Европската унија и Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени.

Панелисти на конференцијата ќе бидат градоначалници и претставници на невладиниот и академскиот сектор.

Конференцијата се организира во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Центарот за управување со промени во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

Проектот се фокусира на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, преку прилагодување на одредниците на ЕУ поставени во начелата на јавната администрација изработени од СИГМА. Врз основа на овие стандарди, локални граѓански организации вклучени во проектот ја следеа работата на локалните самоуправи во пет области: развој и координација на политиките и стратегиите, управување со човечки ресурси, транспарентност и отчетност, обезбедување услуги, и управување со општинските финансии.

Би можело да ве интересира

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Општините и училиштата ги издаваат салите и терените нетранспаренто, без криетриуми, некогаш и без надомест

Катерина Ѓуровски