Конференција за состојбите со аерозагадувањето и можностите за справување со проблемот

Од:

Најновите согледувања за состојбите со аерозагадувањето во урбаните средини во Македонија и определбите и можностите за справување со овој проблем беа презентирани на денешната Втора научна конференција за аерозагадувањето на која ќе што се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој учествуваше на Конференцијата, истакна дека ова е можност за него како претседател на Собранието да ги потврди своите определби дека институцијата со која претседава ќе поддржува активности за справување со проблемот, но и оти ќе биде отворена за вакви и слични дебати кои ќе ги отворат други институции и граѓани.

– Република Македонија е потписник на Парискиот договор што се однесува на мерките за заштита на животната средина и ова треба да биде на ред за ратификација на една од наредните седници на Собранието, рече Џафери.

На трибината учествуваше и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Тој посочи дека Владата го подигнува степенот на борба против аерозагадувањето и воопшто загадувањето на највисоко ниво со формирање на интерресорската владина група во која учествуваат претставници на сите министерства, но и други институции, како и невладини организации, за оваа борба против загадувањето да биде врз база на научни факти, поддржана со аргументи и да се разбијат митовите околу тоа.

Сите овие активности и од работната група во соработка и со властите на локални и централно ниво, како и бизнис секторот, науката и поединците, рече, мора да бидат секојдневни активности и превенцијата да стане доминантна политика, а не како досега проблемот на загадувањето и неговото решавање да се разгледува во зимскиот период кога тоа е и најголемо.

– Ние ги поддржуваме сите активности против аерозагадувањето и затоа во мерките и препораките вклучуваме и предлози од невладиниот сектор, а ние како Министерство и Инспекторат за животна средина ќе се обидеме со ноќни контроли на терен, на инвестиции во третирање на отпад да помогнеме во оваа насока, рече Макрадули.

Професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје на Македонија истакна дека бројките прикажани на денешната конференција не се ништо ново и ниту убаво, бидејќи станува збор за високи бројки на загрозени од аерозагадувањето и хронично болни и стари и деца, но и високи бројки на општа смртност на населението што се изведени според меѓународните стандарди.

– Овие бројки може да се намалат со заедничко вклучување на државните структури на локално и на централно ниво и подигање на свеста на граѓаните затоа што освен заштитата на животната средина со тоа се придонесува и за спасување на животите. Овие бројки треба да не мотивираат на акција, но и со нивно следење да може да се процени успешноста на преземените мерки, бидејќи ако на годишно ниво во Скопје имаме смртност на пет илјади лица, нашите проценки се дека од 1.000 до 1.050 се последица на аерозагадувањето. Двесте лица од истата причина починуваат во Битола, 100 во Тетово…, што значи од 20 до 30 проценти од смртноста на населението отпаѓа на последица на аерозагадувањето рече Ѓорѓев.

Според нашите проценки, додаде тој, во зимскиот период кога има ниски температури, а поголема загаденост, 20 до 30 отсто од заболувањата се предизвикани од аерозагадување,

Конференцијата беше во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест од Скопје, а финансиски поддржан од Германската амбасада во Македонија.

Ана Чоловиќ Лешовска од Еко свест истакна дека проблемот за аерозагадувањето е голем проблем кој долгорочно ќе се решава и за што има и краткорочни и долгорочни мерки. Меѓу краткорочните таа ги посочи ограничувањата на сообраќајот со зголемување на јавниот сообраќај и превоз, употребата на велосипедите, решавањето околу затоплувањето на домовите со употреба на печки кои помалку загадуваат, како и зголемување на површините со зеленило во урбаните средини.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза