Конференција за промоција на еколошкото истражувачко новинарство

Од:

Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги (ААВМУ) да ги поттикне радиодифузерите да емитуваат повеќе содржини од областа на животната средина, Владата на РМ да воведе содржински критериуми односно содржини од екологијата, а МРТ да отстапи повеќе простор од својата програма за теми од областа животна средина.

Ова се препораките кои денеска беа упатени на завршната конференција на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ во организација на ЦЕД Флорозон, а финансиски поддржана од ЕУ.

Кирил Ристовски од НВО Флорозон истакна дека очекуваат препораките да бидат прифатени од страна на ААВМУ, МРТ и Владата на РМ како надлежни институции.

– Степенот на застапеноста на еколошките проблематики во медиумите е на многу ниско ниво. Медиумите пред се делуваат реактивно, а не проактивно кога станува збор за девијациите во животната средина и човековата околина, рече Ристовски и нагласи дека тие и понатаму ќе се залагаат за поголема застапеност на екологијата во медиумите.

Јаромир Левичек од Делегацијата на ЕУ во Македонија рече дека животната средина е главна тема во Европа без разлика дали се работи за загадување на воздухот, водата или друго.

– Овие предизвици се видливи и во Македонија и затоа ЕУ во текот на минатите години даде голема поддршка во реализирање на програми за заштита на живиотната средина. Нема да биде доволно доколку сите заинтересирани страни не се заедно во оваа активност, односно државните институции и невладините организации. Ја цениме улогата на НВО и медиумите во свесноста за овие теми. Зајакнувањето на капацитетите на НВО е токму целта на овој проект, рече Левичек.

На конференцијата беа презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот, а беа претставени и предлог – политиките за стимулирање и примена на еколошкото новинарство и регулаторните можности за развој и примена на истото. На конференцијата беа претставени добитниците на наградите за најдобра фотографија во конкурсот за избор на шест најдобри фотографии кои претставуваат добри и лоши примери на однесување на јавноста и институтциите кон животната средина.

Би можело да ве интересира

Петковска: Новинарството ја губи вредноста како чувар на јавниот интерес

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он