Конференција за подигнување на безбедноста на сообраќајот

Од:

„Справување со безбедноста на патниот сообраќај во Југоисточна Европа – предизвици и насоки за дејствување“ е темата на Меѓународната конференција што денеска ќе се одржи во Скопје.

Целта на конференцијата е на едно место да се соберат претставници од сите надлежни институции од регионот, претставници од науката, професори, аналитичари, експерти, претставници на меѓународни организации и здруженија, нво, … и да разменат ставови, мислења и сугестии за ефикасно управување со безбедноста на патниот сообраќај во ЈИЕ.

Конференцијата, на чие отворање е најавено обраќање на претседателот на Република Македонија, е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На конференцијата ќе учествуваат првите луѓе на националните тела за подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во регионот, како и универзитетски професори, претставници од министерствата за внатрешни работи, од телата за подигнување на безбедноста во сообраќајот, сообраќајни инженери...

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози