Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – МаСВА денеска ќе одржи Годишна конференција на тема „Користење на отпадот како инвестициска можност во Македонија“.
На отворањето на конференцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.
Предвидено е на форумот да се одржат три презентации на кои ќе говорат интернационални и домашни екперти, како и претставници на компании во доменот за управување со отпад.
МаСВА е невладина и непрофитна организација, чија цел е промовирање на одржлив развој и реализација на одржливото управување со отпадот во Македонија. МаСВА е полноправен член и претставник на Македонија во Меѓународната организација за цврст отпад ИСВА.