Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денеска во Скопје организира Конференција на тема „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”.
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од првото мерење на индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија, како и резултатите од ова мерење во Романија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.
Индексот на клиентелизам во медиумите (МЦИ) врз основа на емпириски податоци собрани во текот на двегодишното истражување, ги мери политичките влијанија врз медиумите, постоечката регулативна рамка, институционална поставеност и клучните економетриски мерења на реалноста во која работат медиумите и новинарите од Југоисточна Европа.
Индексот ги опфаќа сите клучни прашања кои се однесуваат на насоките на Европската Комисија за развој на слободата на медиумите, а во исто време ги консултира и научните трудови и мерењата на поврзаноста на релевантните параметри кои ги користат и постоечките индекси кои ги мерат медиумските слободи.
Конференцијата е во рамки на проектот „Медиумски круг“, поддржан од Европската унија.