Конференција за детска сиромаштија

Од:

Во организација на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Светска банка денеска во хотелот Арка ќе се одржи конференција за детската сиромаштија.

На конференцијата, како што информираат организаторите, ќе се презентираат статистички податоци за состојбата со сиромаштијата на децата во земјава и ќе се предложат решенија.

Предвидени се обраќања на министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, претставник на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и директорот на канцелариите на Светска банка за Косово и Македонија Марко Мантованели,

На средбата ќе има две панел сесии. На првата на тема „Детската сиромаштија, развојот кај децата и стратегии за справување од страна на семејството и домаќинството“ ќе зборуваат Пол Стабс, професор на Институтот за економија во Загреб и Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија.

На втората панел сесија Гордана Матковиќ од Центарот за социјална политика во Белград, Маја Геровска Митев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и Љубинка Поповска од Министерство за труд и социјална политика ќе зборуваат за мерење на детската сиромаштија.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски