Конференција „Шар Планина – треба ли да биде прогласена за Национален парк“

Од:

Конференција на тема „Шар Планина – треба ли да биде прогласена за Национален парк“ ќе се одржи денеска во селото Доброште во општина Теарце, во организација на Балканскиот институт за регионална соработка.

На конференцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно Садула Дураки.

Предвидено е учесниците, претставници на релевантни институции и граѓанското општество, да разменат идеи и мислења за можноста Шара да го добие конечно долгоочекуваниот статус на Националниот парк, како и да се потенцираат и придобивките кои ќе ги имаат жителите на околните населени места.

На конференцијата ќе се прикаже документарниот филм, каде се прикажува моменталната ситуацијата на Шара, убавината на овој масив, но и последиците од немањето институционална заштита.

Конференцијата е дел од проектот „Подигнување на јавната свест за прогласување на Шар Планина за национален парк“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, што го спроведуваат Niras од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација.

Би можело да ве интересира

Регистрирани две нови единки Балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Опасност од лавини на Шар Планина, постителите да се пријавуваат и да не се движат без водич

Редок момент: Снимени мајка рис и младенче на Шар Планина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Спасувачка акција на Шар Планина: Две Американки се изгубија, спасувачите ги бараа цела ноќ

ЦУК: Спасен чешки повреден скијач на Шар Планина

Горан Наумовски