Конференција „Поддршка на судската и кривично-правната реформа“

Од:

Во организација на Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ денеска ќе се одржи завршна конференција на тема „Поддршка на судската и кривично-правната реформа“, финансирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Проектот се базира на набљудување на кривични предмети што се водат по Закон за кривична постапка (од 2010), врз основа на што ќе произлезат заклучоци за имплементацијата на Законот за кривична постапка, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Устав и закон, пред судовите во кривичната постапка.

Анализата се базира на 400 мониторирани расправи во девет основни судови во Република Македонија. Откако ќе биде презентирана анализата ќе следува и организирана дискусија за детектираните проблеми што се забележани на судењата. Дискусијата, како што посочуваат од Коалицијата, ќе им овозможи на практичарите на законот да ги изразат своите ставови и мислења во однос на Законот за кривична постапка и неговата имплементација.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност