Конференција по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски

Од:

По повод одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, денеска и утре во Охрид ќе се одржи меѓународната конференција „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“.

Конференцијата ја организираат Православниот богословски факултет „Свети Клиемнт Охридски“ – Скопје под покровителство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, а е дел од Државната програма за одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.

На конференцијата ќе учествуваат научници и теолози од Богословските факултети при Универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје.

На отворањето на конференцијата предвидено е да се обратат претседателот Ѓорге Иванов, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

ВИДЕО: Туристи во костими за капење се качуваат на црквата „Св.Никола“ во Мавровското езеро, предизвикаат жестоки реакции

Катерина Ѓуровски

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Лавров: ОН треба да реагира на прогонот на Украинската православна црква

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија уништи црква во Њујорк, има многу повредени