Конференција на тема „Слободни избори за слободно општество“

Од:

Во организација на Центарот за слобода (ЦИВИЛ) денеска во Скопје ќе се одржи конференција под наслов „Слободни избори за слободно општество“.

На конференцијата се поканети експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество да ги презентираат своите наоди и препораки за изборниот процес, особено во тринеделниот период на официјална предизборна кампања. Целта е да се даде одговор на прашањето: Што претходеше, што треба да се направи и кои се ризиците пред нас, во контекст на локалните избори во Република Македонија?

Конференцијата е дел од проектот Слободни медиуми за слободно општество, поддржано од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На конференцијата се поканети и медиуми, НВО, институции, политички партии и заинтересирани граѓанки и граѓани.

ЦИВИЛ го набљудува изборниот процес од почетокот на годината. Мониторингот се спроведува преку долгорочни набљудувачи, како и преку соработничката мрежа од активисти, дописници и граѓански новинари. За набљудување на денот на гласањето, ЦИВИЛ ќе акредитира најмалку 106 набљудувачи.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ