Конференција на началници на ГШ на армиите на земјите од Јадранската повелба

Од:

Заменик началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, учествува на 18. Конференција на началници на генералштабови од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба што се одржува во Црна Гора.

Главна тема конференцијата е одржување на интероперабилноста преку регионално партнерство.

Заменик-началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Сејдини, соопшти денеска МО, во своето излагање ја истакнал работата на АРМ во реформите и евроатланските аспирации кои ги имаме, потенцирајќи дека Република Македонија заслужува и има право да биде полноправна членка на НАТО.

Покрај учеството на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на Јадранската група (Македонија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора) на конференцијата присуствуваат и заменик началникот на Вооружените сили на Словенија, командантот на КФОР, како и високи претставници на националните гарди, партнери на земјите членки на Јадранската повелба.

Домаќин на следната 19. конференција на началниците на генералштабовите на армиите на земјите-членки на Јадранската повелба, ќе биде Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он