Конференција на ДУИ за економските определби во изборната програма

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје одржа конференција за определбата од изборната програма „Развој и економска рамноправност“ .

– Консензусот при одлучувањето во Владата, пред се спроведувањето на економските политики, ќе обезбеди заштита на економските интереси и исполнување на економските права на Албанците, изјави носителот на листата на Изборната единица 2 Ејуп Алими. 

Тој додаде дека по пат на контрола врз изготвувањето и спроведувањето на буџетот, ДУИ ќе обезбеделе рамномерен развој и спроведување на економските интереси на Албанците.

– Ова ќе значи поголем развој на северозападниот регион, повеќе вработувања за Албанците, повисоки плати, повеќе работа за албанските бизниси, подобри услови за развој на претприемништвото и воопшто, повисок животен стандард, речеАлими.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански