„Модели за финансирање на програмите за превенција на ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги“, е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот.
На конференцијата ќе бидат презентирани европските искуства во однос на моделите за финансирање на програмите за превенција на ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги кои ги спроведуваат граѓанските организации. Ќе се разговара и кој модел е најсоодветен за Република Македонија.
Најавено е учество на претставници од министерствата за здравство и за труд и социјална политика, експерти, здруженијата на граѓани…,