Конференција „ДОМ и Европските зелени против рудниците на смртта!“

Од:

Конференција на тема „ДОМ и Европските зелени против рудниците на смртта!“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Ова е втора Меѓународна конференција, што ја организираат ДОМ и Зелениот институт на оваа тема.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од Европските зелени од Бугарија и од Грција, кои доаѓаат како поддршка на борбата на ДОМ и на граѓанските иницијативи против отворањето на рудници кои се штетни за здравјето на населението и за животната средина.

Учество ќе земе и директорот на Инспекторатот за животна средина, Мирослав Богдановски.

Поздравно обраќања ќе има претседателката на ДОМ и пратеничка Лилјана Поповска, а тематски ќе се обратат Борислав Сандов, координатор на Балканската зелена мрежа, Марија Кадоглу од Hellenic Mining Watch – Група против рудниците за злато од Грција, Димче Балески од ѓранската иницијатива „Спас за Валандово“ и Мирослав Богдановски, директор на Инспекторат за животна средина.

На Конференцијата се поканети сите надлежни министерства за оваа проблематика, како и граѓански организации и иницијативи од цела Македонија засегнати од оваа дејност.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски