Конференција „Бездомништвото околу нас – јавно, скриено, потенцијално“

Од:

„Бездомништвото околу нас – јавно, скриено, потенцијално“ е насловена конференцијата во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, (издавач на уличното списание „Лице в лице“), што ќе се одржи утре во 10 часот во „Холидеј Ин“, а на која ќе бидат презентирани резултатите од едногодишното истражување на бездомништвото во Македонија.

На настанот ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски и директорот на УСАИД во Македонија, Џејмс Стејн.

Истражувањето создава основа за мерење на бездомништвото во земјава согласно европските стандарди следејќи ја европската ЕТХОС типологија која овозможува прибирање податоци кои ќе се споредливи не само на европско, туку и на глобално ниво.

Досега бездомништвото во Македонија најчесто беше перцепирано преку профилот јавно бездомништво што вклучува лица кои што спијат на улица. Новата дефиниција искреирана од „Паблик“ донесе и нов приод во видувањето на овој проблем и вклучува два нови профила – скриено и потенцијално бездомништво преку девет категории и 15 поткатегории. Овде меѓу другото влегуваат и лица кои што живеат кај роднини и пријатели, жени во шелтри за семејно насилство, лица кои што остануваат подолго во институции поради тоа што немаат дом, лица на кои што им се одзема домот даден под хипотека, лица кои што живеат во привремени, неконвенционални живеалишта…

На утрешниот настан, ќе биде претставен и веб сајтот www.bezdomnistvo.mk, а во рамки на работната група со претставници на инситуциите кои што имаат директен контакт со бездомни лица и со лица кои што се во ризик да го загубат домот ќе биде презентиран и методскиот пакет за работа со овие групи, како и инструментот за мерење длабочина на бездомништвото.

Во пакетот предложен е и систем за помош на бездомните лица кој вклучува превенција, рана интервенција, интервенција во криза и социјална интеграција.

Растот на социјалните нееднаквости, високите стапки на невработеност и социјалната исклученост придонесоа за пораст на бездомништвото на лобално ниво, на што стави акцент и специјалниот известувач на Обединетите нации за правото на домување во последниот извештај презентиран на почетокот на месецов.

Од Европската федерација на национални организации кои работат со бездомни лица, ФЕАНТСА, нагласуваат дека актуелната криза со мигрантите, бегалците и внатрешно раселените лица се дополнителен ризик за зголемување на бројот на бездомни лица поради
тоа што тие се соочуваат со повеќекратна дискриминација и бројни тешкотии во обезбедувањето повремено или постојано живеалиште.

Со оглед на тоа што оваа криза ќе трае и во наредните неколку години, од секоја европска земја, вклучувајќи ги и земјите- кандидати се очекува да дадат соодветен одговор во заштитувањето на човековото право за пристап до адекватно домување.

Истражувањето и конференцијата се поддржани од Проект на УСАИД за граѓанско општество.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он

Децата во сиромашни семејства имаат поголем ризик да останат сиромашни, образованието клучно за надминување на оваа ситуација

А1он