Коневски: Срамно е Митревски да биде јавно понижуван со упад во неговиот дом

Од:

„СДС е фатен на дело, со докази, како ги спроведува најкриминалните избори досега.

Заради неспособноста на црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски, државата е на работ на економски колапс, а секојдневно гледаме како тајкуните блиски до партијата се обидуваат да преземаат компании.

Затоа на СДС им е потребен дефокус и затоа СДСМ ги злоупотребува институциите за политички прогон со кој би ја покривал катастрофалната неспособност.

СДС врши тортура врз политичките неистомисленици и продолжува со политичките хајки врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани денеска во 4 часот наутро е уапсен Сокол Митревски.

Генералот Сокол Митревски кој беше досегашен градоначалник на Општина Ѓорче Петров ниту е криминалец, ниту сторил нешто за полицијата да се изживува со него и неговото семејство на ваков начин.

Ова е само продолжување притисокот кој го врши СДС и понижување на Македонија и се што е македонско, и тоа преку државните институции кои се користат како средство за пресметка со политички неистомисленици.

Жителите на Скопје и целата македонска јавност знае дека Сокол Митревски во 2001 година застана на браникот на Македонија кога некој лица кои сега се наоѓаат во владата или беа на другата страна или бегаа од регрутација.

Митревски е човек, кој како воено лице и има служено на државата и нејзините граѓани и се грижел за нивната безбедност. Срамно е Митревски да биде јавно понижуван со упад во неговиот дом и да се вознемирува целото негово семејство, а истиот тој упад е организиран од врхушката на СДС заедно со тие против кои Сокол се бореше во 2001 година.

Денеска, мозокот на вооружениот грабеж на Прокредит банка Флорим Малоку јавно му се заблагодари на Заев што го ослободил од затвор. Вакви лица на чии раце има крв од повредени полициски службеници се ослободуваат, а партиските полициски дивизии се изживуваат врз луѓе како Митревски.

Додека СДС од затвор ослободува криминалци како Красниќи или Бајруш Сејдиу, во затвор ги става луѓето кои се бореле за Република Македонија како Сокол Митревски и Едмонд Темелко, кој е единствен македонски градоначалник надвор од Македонија.

Овој напад не е само врз Сокол, овој напад е врз ВМРО и Македонија“, изјави поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев