Коневски најави обнова на сервисните улици и паркиралишта во „Јане Сандански“

Од:

На почетокот на втората недела од кампањата за претстојните локални избори, кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски денеска во населбата „Јане Сандански“ промовира проект за целосна реконструкција на сервисните улици меѓу зградите во оваа населба, како и обележување на нови паркинг места.

– Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, во оваа населба ќе реализираме и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените пешачки патеки, рече Коневски.

Со оглед на фактот, како што додаде, што овој дел од општината изобилува со зеленило ќе биде изграден систем за наводнување за да се олесни неговото одржување.

– И во делот на спортот и образованието, предвидена е реконструкција на подовите во ОУ „Љубен Лапе“, кое се наоѓа во оваа населба, реконструкција на детските и спортските игралишта, како и изградба на парк за миленици, рече Коневски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ