Коневски: Две нови градинки со капацитет до 500 дечиња

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски денеска најави дека во неговата програма предвидена е изградба на две нови детски градинки во кои ќе можат да се згрижат над 500 дечиња.

Станува збор за градинките „Изворче“, која се наоѓа зад нас и „Црвенкапа“, во чии рамки ќе бидат изградени двете нови градинки. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и уште 20-тина други проекти, меѓу кои верувам на задоволство на нејзините жители, изградба на зелен парк меѓу новите згради и довршување на новата комунална инфраструктура, истакна Коневски.

Потенцира дека во соработка со Град Скопје ќе ја пробијат улицата „Васко Карангелевски“ од булеварот „Трета македонска бригада“ до поликлиниката Јане Сандански.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски