Коневски: Долно Лисиче ќе добие детска градинка и спортска сала

Од:

Изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче и нова детска градинка, најави денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродорм од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

Од бројните проекти што ги предвидовме во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска ги промовираме проектите што ги предвидовме во програматa за Долно Лисиче.

Двата позначајни проекти меѓу нив се изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче и нова детска градинка.

Со изградбата на спортска сала ќе се обезбедат услови за спорт за учениците од основното училиште во Долно Лисиче, додека со изградбата на новата градинка ќе се зголеми капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст во Долно Лисиче.

Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори да ги поддржат кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овие, туку и други проекти предвидени во изборната програма, напиша Коневски на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски