Коневски до Мицкоски: Одговорност да има за евентуалниот неуспех на претседателските избори

Од:

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски преку „Фејсбук“ статус испрати порака до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се понесе одговорност ако има евентуален неуспех на претседателските избори.

„Мицкоски, место да се занимаваш со својата позиција и преку медиумите и колумнистите блиски до тебе да ги обвинуваш партиските неистомисленици, добронамерно те советувам во наредниот период, кој е клучен за ВМРО – ДПМНЕ, да се посветиш на многубројното членство.

Многу пати досега ти укажав дека мора да покажеш конструктивност и да го обединиш членството, затоа што тоа е неопходно за ВМРО – ДПМНЕ и нејзиниот успех на претстојните претседателски избори. А, доколку партијата загуби, ти како актуелен претседател, ќе мораш да понесеш одговорност“, напиша Коневски .

На професорката Гордана Силјановска – Давкова, која вчера на Конвенцијата во Струга беше избарана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Коневски во соопштението ѝ посака успех во трката за претседател, што истовремено, како што посочи ќе биде и тест за партијата и нејзиното раководство.

„Од срце посакувам да победиме, но за да се случи тоа, потребно е обединување. За жал, многу квалитетни и искусни луѓе во моментов се тргнати на страна од партијата, а можат и сигурен сум дека сакаат да му помогнат на ВМРО – ДПМНЕ.

Независно од обидите да се релативизираат резултатите од претседателските избори, за евентуалниот неуспех, одговорност мора да има.

Во контекст на ова, би сакал да те потсетам дека Никола Груевски поднесе оставка од позицијата претседател на партијата по поразот на локалните избори во 2017 година“, посочува Коневски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање