Коневски: Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со нов мост

Од:

Кандидатот за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ивица Коневски денеска најави заеднички проект со кандидатот за градоначалник на Скопје Коце Трајановски за изградба на мост преку Вардар – од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон Општина Гази Баба.

Истакнаа дека со новиот мост ќе се поврзат двете општини и во голема мера ќе се олесни движењето на граѓаните.

– Како една од најбрзорастечките општини во градот Аеродром има само два влеза и излеза кон центарот на Скопје, преку булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Трета македонска бригада“, така што има потреба од уште едно поврзување преку булеварот „АСНОМ“, на кој ќе се гради овој капитален проект, односно новиот мост, кој ќе го намали сообраќајниот метеж, изјави Трајановски.

Според Коневски, новиот проект е уште еден доказ дека соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична и дава видливи резултати.

– Очекувам оваа соработка да продолжи и понатаму во интерес на жителите на општината, додаде Коневски.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ