Рано утринава на улицата „Карл Маркс“ во Штип, полициска патрола го уапсила М.П.(31) од Штип.
За него биле распишани две централни потерници по наредба на Основен суд Штип за издржување вкупна казна затвор од шест години за сторени кривични дела „разбојништво“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Тој е спроведен во Казнено-поправната установа за издржување на казната.