Концерт за обнова на манастирот Трескавец

Од:

На камената бина на плоштадот „Александрија“ синоќа прилепската група „Crossroar Blues Band“ одржа целовечерен концерт, наменет за донирање средства за обнова на манастирот „Трескавец“.
Посетителите уживааа во звуците на најдобрите песни од групата и донираа средства за обнова на големото светилиште.

Утре е првата акција за расчистување на опожареното, а Координативното тело за обнова на Манастирот најави дека секоја недела ќе се спроведуваат вакви акции.

Координативното општинско тело кое ќе раководи со активностите и планот за расчистување на терененот, ги поканува сите добронамерници кои сакаат да помогнат во расчистувањето на изгорените манастирски конаци, своето учество да го пријават на телефонскиот број 076/425-102 или на електронската адреса [email protected].

Поаѓањето за неделната работна акција е во 7 часот, пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, а организираните групи ќе ги придружуваат планинарите.

Фото. Фејсбук

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски

Трескавец се уште во опасност, голем број доброволци се борат со огнената стихија

Наум Локоски

Околу 140 луѓе внимаваат на пепелиштето околу манастирот Трескавец

Ана Ололовска

ЦУК: Пожарот околу манастирот Трескавец ставен под контрола

Ана Ололовска