Комуналниот отпад по жител во 2020 година 68 килограми поголем од 2016

Од:

Секој жител во 2020 година создал по 452 килограми комунален отпад, што е раст од четири килограми во однос на 2019 или дури 68 килограми повеќе споредено со 2016 година. Од вкупно создадени 913 илјади тони комунален отпад, околу две третини или 630 тони се собрани и завршиле на депонија. Најмногу произведен и рециклиран отпад е од хартија, покажува Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика за демографските и социоекономските состојби во Република Северна Македонија во 2020 година.

Комуналниот отпад го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите.

Севкупно, во 2020 година се создадени 913 033 тони отпад, додека, собрани 630 086. Деведесет и девет проценти од собраниот отпад, како што покажува годишникот, е фрлен во депонија. Останува разликата помеѓу создадениот и собраниот отпад, која изнесува 282 947 тони отпад што не се вбројува помеѓу отпадот кој завршил во депонија.

Создадениот комунален отпад за 2020 е помалку од 2019, кога изнесувал 915 943 тони, меѓутоа, повторно има нагорна линија, за разлика од 2016 година, кога изнесувал 796 585 тони.

Собраниот отпад, од друга страна, забележува блага пад со 2 398 тони помалку собран отпад за разлика од 2019 кога собраниот отпад изнесувал 632 484. Сепак, забележува пораст во однос на 2016, кога изнесувал 610 227 тони.

Фрлањето на собраниот отпад на депонија е процентуално исто во споредба со лани, како и со 2016-та година и изнесува 99 проценти.

Најголемо количество отпад пуштено на внатрешниот пазар за 2020 година е во форма на хартија и картон, вкупно 26 308 тони. Следствено, најголемото количество рециклиран отпад за 2020 е хартија и картон во износ од 24 654 тони односно 82 проценти.

Пластика пуштена на пазарот има 5 699 тони помалку од хартија и картон, односно 20 609 тони, додека, истата е рециклирана во количина од 6 396 тони, односни 31 процент.

Зад нив е стаклото со 11 577 тони оптег на пазарот, а 3 781 тони, односно 32 проценти рециклажа.

Количеството дрво пуштено на пазарот во 2020 година изнесува 913 тони, метал 3 918 и композити материјали 3 766. Од нив, дрвото е рециклирано во износ од 527 тони, односно пет проценти, металот 955 тони или 24 проценти, додека, за композитните материјали нема податоци.

Во 2019-та година количеството отпад пуштено на внатрешниот пазар изнесува 6 284 тони повеќе од 2020-та, односно 85 718, додека, рециклираниот отпад истата година изнесува 351 тони помалку од 2020-та година, односно 34 229 тони.

Севкупно, во 2020 количеството отпад пуштено на пазарот изнесува 79 434 тони, додека, рециклирани се 34 580 тони, што претставува само 43,53 проценти рециклиран дел.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска