„Комунална хигиена-Скопје“: Општина Чаир ни должи седум милиони денари

Од:

Директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахудин Рустеми тврди дека општина Чаир има вкупен долг над 7 милиони денари кон претпријатието со кое раководи, кој, како што вели, опфаќа неплатени финансиски обврски од страна на општинските институции, вклучувајќи ги и самите општински објекти, основните училишта и градинките кои се во надлежност на општина Чаир.

-Активностите за чистење и одржување на јавната хигиена на територијата на Општина Чаир се реализираат редовно и согласно Оперативниот план донесен од Советот на Град Скопје. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, со изјави во кои алудира на наводно неизвршување на обврските од страна на Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, има за цел да го одвлече вниманието од вистинските проблеми кои сам ги создава. Ганиу треба сериозно да се занимава со долгот од 7 милиони денари што Општина Чаир го има кон ЈП Комунална хигиена Скопје, кој се акумулира од моментот кога тој е носител на функцијата градоначалник на Чаир, вели Рустеми во соопштението до медумите.

Тој појаснува дека Општина Чаир е континуирано и институционално информирана за постоењето на овој долг, но досега не презела конкретни чекори за негово подмирување.

-Иако тој не ги подмирува своите обврски со години истото не ја спречува нашата работа, но директно влијае врз одржливоста и квалитетот на услугите кои ги нудиме на граѓаните, вели директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје.

Оттаму нагласуваат дека од сите општини во Градот Скопје, само Општина Чаир има толкав долг кон нивното претпријатие. ЈП Комунална хигиена Скопје, додаваат, продолжува со посветеност и професионализам да ги извршува своите обврски, но бара од Општина Чаир да ја преземе одговорноста која ѝ припаѓа во однос на јавните услуги и финансиските обврски, бидејќи тоа претставува предуслов за обезбедување на квалитетна и одржлива услуга за нејзините граѓани.

Би можело да ве интересира

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир